Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо верува дека „сè е можно“ за Португалија на СП 2018, кога Кристијано Роналдо е во составот.
Триесет и три годишниот напаѓач на Реал Мадрид повторно ќе биде со клучна улога за португалскиот тим на претстојното Светско првенство во Русија ова лето, категоричен е португалскиот стручњак. Роналдо и Мурињо работеа заедно во Реал Мадрид.
– Португалија има многу интересен состав. Без Кристијано, работите би биле невозможни. Со него сè е можно. Аргентина без Лионел Меси нема да биде кандидат за титулата. Со него во тимот е еден од фаворитите на првенството, изјави Мурињо.
Тој е сигурен дека петкратниот светски првак Бразил исто така има сили да се бори за титулата на претстојниот Мундијал.