Совршена дестинација за одмор во вистинска смисла на зборот!
Jade Mountain е прекрасно одморалиште на островот Св. Луција, на Карибите.
Самиот туристички комплекс е опкружен со богата природа и густа шума а има поглед кон бескрајното море.
Главната идеја при изградбата на комплексот била хармонијата со природата на Карибите. Силен архитектонски дизајн се рефлектира во мали мостови кои доведуваат до бесконечни базени и камени столбови кои се издигаат кон небото.
Големите отворени простори на спалните и дневните соби, како и приватните брилијантни базени, овозможуваат чувство како да сте над природата.
Ова е вистинско рај во секоја смисла на зборот, тука навистина гостите се на одмор, не постои телефон, радио, телевизија, интернет освен на рецепција и на самостојно барање на гостите, но постојат голем број на разни спа уживања и персонал на располагање 24 часа на ден.
Има и ресторани, барови, бутици, уметнички галерии и забава за сите генерации. Нуркање, велосипедизам и песочната плажа – достапни за секој гостин.