Објавената снимка за „Поткуп“ три пати била пресечена
Во Кривичниот суд во Скопје на рочиштето за „Поткуп“ денеска се пушташе снимката која беше објавена на Јутјуб од премиерот Зоран Заев и струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевслиев. Снимката се емитуваше по предлог на одбраната бидејќи како што Заев рече на претходното рочиште, таа не е целосна односно не соидвестува во целост со оригиналната снимка од ПИ мерките.
Во судница се гледаше видео од околу 3 минути, по што судот констатираше дека истата е прекината на три места. Еднаш во 2.26 минута, а вторпат околу 2.53 минути.
Исто така, таа е прекината и на крајот.
Еден од моментите кога е направен прекин е тогаш кога Заев го споменува неговиот брат Вице.
Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека бизнисменот Иван Николов е клиент на менувачница каде работи Вице Заев и на снимлата разговараат дека ако парите со кои бизнисменот сака да купи градежни материјали за црквата се во евра може да ги замени во менувачницата.
Адвокатите не сакаа да ја коментираат снимката објавена на Јутјуб, тие рекоа тоа ќе го направат во завршните зборови.
Рочиштето за завршни зборови њ закажано за 15 мај. Обвинителката бараше да се помести за покасно бидејќи и требало време да го разгледа предметот и да се подготви за завршните зборови.
Меѓутоа, поради наводниот распоред на судиите тие не можеа да го поместат рочиштето со што остана однапред закажаниот датум – 15 мај.
Заев во изјава за медиумите го повтори тоа што го потенцираше и досега дека случајот е наместен за да се спречи тој да ги објавува бомбите.
– Јасна е намерата да направи комплетна дискредитација на Зоран Заев. Драго ми е што целиот процес беше разобличен во постапката – рече Заев.