Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. Утринските температури ќе се движат во интервалот од 8 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурата ќе се искачи до 25 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Утре повеќе нестабилност ќе има во јужните делови. Во петок и сабота се очекува процесите да бидат послаби.