Што му правите на организмот кога не јадете после 19 часот?

Многу диети се базираат на тоа после 19 часот навечер повеќе воопшто да не консумирате храна, туку доколку се појави чувство на глад да пиете вода или чаеви. Експерти потврдија дека ако вечерате после 19 часот постои поголема шанса за добивање на срцев удар. Исто така, не би требало да јадете непосредно пред спиење, бидејќи организмот се подготвува за сон и може да дојде до губење на апетит следниот ден.

 

Не постои одредено време за вечера

Брзото темпо на живот за жал не ни овозможува одреден распоред кога е консумирањето на храна во прашање. Лице кое рано станува и рано појадува може да вечера во 17 часот попладне, за разлика од лице кое ќе спие до 1 часот попладне. Таква личност може да вечера околу 22 часот навечер.

„Идеално време за вечера е три часа пред да одите на спиење. Тоа е сосема доволно време за вашиот организам да ја свари храната, а со самото тоа нема да се чувствувате подуено кога ќе одите на спиење“, тврди нутриционистот Фара Фахад.

Не вечерајте на сила

„Не е важно дали чувствувате потреба за јадење или не, луѓето понекогаш јадат само затоа што дошло време за јадење. Важно е да јадеме тогаш кога ќе почувствуваме глад. Тогаш кога сте гладни, вашето тело бара калории и кога ќе ги внесете тоа ја троши храната која сте ја изеле. Ако јадете, а не сте гладни, телото ќе ја складира храната бидејќи не му е потребна. На тој начин се таложат масти“, вели тој.

Важно е што ќе јадете

Храната е гориво кое му е потребно на нашиот организам за нормално да функционира. Во однос на тоа дека организмот се смирува кога ние спиеме, нема потреба од консумирање на храна непосредно пред спиење.

Вечерајте помалку и полесно

Мрсната и зачинетата храна секако треба да се избегнува, посебно кога е во прашање вечерата. Мрсната храна тешко се вари. Што се случува кога касно навечер ќе изедете нешто мрсно и тешко? Крвта оди во стомакот за да го помогне варењето, наместо слободно да цирукулира во останатите делови на телото и да му помогне на организмот во одморот во текот на ноќта.

Треба да знаете
Последни објави