Заев: Постапката за купопродажба на земјиштето од мојот брат е транспарентна

Премиерот Зоран Заев денеска призна дека нема ништо спорно и незаконско во тоа што неговиот брат е корисник на градежно државно земјиште во Струмица, што го добил додека тој бил градоначалник.

Одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“ Заев рече дека постапката за купопродажбата на земјиштето била транспарентна и законска, за што   вчера и СДСМ и Општина Струмица ги демантирале наводите изнесени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Моето семејство нема што да крие. Ние се што имаме е овде во Македонија и тоа е јавно и достапно секогаш, рече Заев.

На прашањето колку неговиот брат Вице Заев профитирал од изградбата на зграда на ова земјиште, Заев одговори дека профитирал онолку колку што инвестирал.

– Колку што јас знам ниту 60 отсто од парите што се вложени во инвестицијата не се вратени, бидејќи треба време да чекаат наплата, продажба на станови …, рече Заев

Тој додаде дека станува збор за купопродажба на земјиште и во овој бизнис треба да поминат години, дури и по 20 до 30 години за инвестицијата да се исплати.

Треба да знаете
Последни објави