Децата имаат многу енергија, постојано се неуморни и се лутат кога ќе им се каже дека сега е време за спиење.
Но, иако неколку часа сон може да биде безначајна загуба, на долги стази, сепак, многу е лошо да им се крати сонот на децата.
Нивниот когнитивен, емоционален и физички развој има голема корист од порано легнување во кревет.
Но, колку порано?
Едно педијатриско истражување, покажуа дека идеално време за легнување во кревет за децата е од 18 до 21 часот.
Децата на возраст од 7 до 11 години, кои си легнувале еден час порано пет дена во неделата, биле многу повнимателни и помирни.
Од друга страна,18-месечните деца покажаа многу подобри моторички функции и говор кога оделе на спиење пред 22 часот.
Сепак, тоа не значи дека секое дете мора да оди во кревет во 18 или 19 часот.
Возраста, распоредот и училиштето влијаат на тоа колкава количина на сон им е потребна.
Педијатарот Мелинда Венер Мојер, тврди дека најдобриот начин да дознаете кое време е идеално за вашето дете да го испратите на спиење е да го пратите на спиење 20 минути порано од обично и да видите што ќе се случи.
Ако веднаш заспие, веројатно нема проблем со тоа и порано да оди во кревет.