Лукот е здрав производ кој се користи во националната кујна на многу нации и за третман на разни болести веќе илјадници години.
Во една неодамнешна студија на научници од Универзитетот во Нотингем тие стигнуваат до заклучок дека конзумирањето на лук може да го намали ризикот од развој на некои видови на рак, кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
Покрај тоа, излегува дека начинот на постапување со лукот пред да го јадеме е важен за неговата способност да придонесе за нашето здравје.
Научниците, сепак, сè уште не можат да утврдат кој метод на подготовка е најефикасен.
Лукот произведува сулфурни соединенија, додека трпи топлинска или машинска обработка, кои се различни, во зависност од тоа дали е сецкан, ферментиран во алкохол или прежен во масло.
Според истражувачите, овие сулфурни соединенија можат да влијаат на молекулите на азотен оксид и водороден сулфид, кои се произведуваат во човечкото тело.
Променетите нивоа на овие молекули се откриваат кај луѓето кои страдаат од различни болести, бидејќи имаат огромно влијание врз целокупната размена на материи во телото.
И покрај тоа што технологијата за оптимална обработка на лукот се уште е предмет на дискусија, истражувачите се согласуваат дека лукот е една од растенијата со најмоќна способност за заштита на човечкото тело.