Санторини: Двајца кои тука ќе се спојат, нема да се разделат
Санторини е вулкански остров со величенствен поглед на Егејското Море, каде што секое зајдисонце и изгрејсонце се вистински манифестации.
На романтичниот Санторини има аеродром, но ви препорачуваме да пристигнете со фериброд до островот и да го видите од отворено море, во својата полна убавина. Ако патувате со вечерен фериброд ќе уживате во неописливо изгрејсонце кое се отсликува во морето, а потоа имате поглед кон прекрасните црвени карпи со бел врв кои оддалеку наликуваат на планини со снежна покривка. Со самото приближување кон островот ќе сфатите дека тоа се белите убави цркви и куќички во различни големини, а сите со сини покриви, прозорци и врати.
Најубавите плажи на Санторини се со црн, бел, сив и црвен песок. Најпознатите плажи се наоѓаат по должината на источната и југоисточната страна од островот, од кои секоја има посебни карактеристики. Повеќето од плажите се многу добро организирани, опремени со столици, чадори и лежалки во склоп на барови и ресторани кои нудат одлични услови и за спортови на вода. Интересните форми на природата, црната, бела и црвена боја на песокта и сјајните црни камења нема да ве остават рамнодушни.
Од главниот град Фира, кој е омилен за повеќето посетители, ќе можете јавајќи магариња да го истржите поголемиот дел од островот.
Санторини е остров е кој нема вода, ниту извор, ниту бунар, па затоа целата вода која се користи се носи со бродови. Од обработливи култури доминираат маслинки и винова лоза.
Популарни фрази за убавиот Санторини:
„Постои повеќе вино од вода, повеќе магариња од луѓе и сè повеќе цркви од куќи.“
„Двајца кои тука ќе се спојат нема да се разделат.“