Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците Џон Кенеди, Лазо Трповски, Втора Македонска бригада, Христијан Тодоровски Карпош, Цветан Димов, Митрополит Теодосиј Гологанов и булеварите Јане Сандански, ‘Партизански одреди и Србија во Скопје.
Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19:00 до 1:00 часот биле извршени контроли и биле преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица „Кисела Вода” поради сомнение за сторен царински прекршок.
СВР Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.