Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.Ј. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во март и мај 2018 година извршил две кривични дела ,,тешка кражба на дрзок начин“, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 65 000 денари.
На 9.3.2018 година околу 16:30 часот, движејќи со по бул. „ВМРО“, пријавениот се доближил од позади до оштетената и со употреба на сила ѝ го скинал златното синџирче од вратот, по што побегнал во непознат правец. Подоцна, одземеното златно синџирче го продал во населба Шуто Оризари.
Кривичното дело го повторил и на 7.5.2018 година. Околу 11:45 часот на ул. „Кирил и Методиј‘‘, на ист начин одзел златно синџирче од друга оштетена, по што побегнал.