ОПШТИНА БУТЕЛ
Децата на градинката 11 Октомври го прославија денот на Европската Унија
Под мотото и ние сме звезда на европското небо, децата на градинката 11 Октомври го прославија денот на Европската Унија. На настанот учествуваа и децата од детскиот хор Пиколо.
Покрај протоколарниот дел, децата, градоначалникот Велимир Смилевски и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец, ја фарбаа фасадата на градинката .
Градинката е првиот објект на територија на општина Бутел,и 2004 година за за прв пат е реновирана со финансиска помош од Кралството Норвешка и помошта од Вицепремиерот Радмила Шеќеринска.
Целта на денешниот настан е да го свртиме вниманието на меѓународната заедница за понатамошна соработкаво насока на модернизирање на условите во градинката со менување на фасадата.
Впрочем децата се нашата иднина и го заслужуваат тоа.




