Исчезнаа уште три деца од домот „25-ти Мај“

Не престануваат скандалите во згрижувачките домови. По застрашувачките податоци за силување и бременост кај малолетни лица, најзагрижувачко е исчезнувањето на штитениците кои се малолетни.

 

-На 09.05.2018 година во 15:00 часот во Полициската станица Чаир, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 08.05.2018 година во 08:30 часот во непознат правец се оддалечиле тројца штитеници на домот, информираат од МВР.

Исчезнатите деца се на возраст од 18, 13 и 15 години.

Полицијата вели дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Треба да знаете
Последни објави