Заев: Шакири-Хоџа се повлекува од советник во Владата
Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет.
-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата, истакна премиерот Зоран Заев.