Како и пред секое Светско првенство, светските медиуми ги открија платите на секој еден селектор кој ќе седи на кормилото на некој од националните тимови на претстојниот собир на најдобрите репрезентации во светот.
Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Русија носи неколку занимливи податоци за платите на селекторите, а најзанимлив е оној дека точно половина од нив имаат годишна плата помала од 1 милион евра.
Најплатен од сите национални тренери на овој Мундијал ќе биде германскиот селектор Јоаким Лев, кој годишно добива плата од 3,8 милиони евра. На спротивната страна од листата се наоѓа сенегалскиот селектор Алиу Сисе, кој годишно заработува само 198.000 евра и со тоа е единствениот кој има годишна плата помала од 200.000 евра.
Интересно е дека петти најплатен селектор на овој Мундијал е Станислав Черчешов, кој седи на клупата на репрезентацијата на Русија. Иако нема некој посериозен успех со репрезентацијата, тој е платен 2,5 милиони евра годишно. Интересна е и ситуацијата на Роберто Мартинез, кој иако е познат тренер и седи на клупата на силна репрезентација како Белгија, сепак се наоѓа во долната половина од листата.
Платите на селекторите на СП Русија 2018:
- Јоаким Лев (Германија) – 3.800.000 евра
- Тите (Бразил) – 3.600.000
- Дидие Дешамп (Франција) – 3.600.000
- Хулен Лопетеги (Шпанија) – 2.900.000
- Станислав Черчешов (Русија) – 2.500.000
- Фернандо Сантош (Португалија) – 2.200.000
- Герет Саутгејт (Англија) – 1.900.000
- Карлос Кеирош (Иран) – 1.900.000
- Жорге Сампаоли (Аргентина) – 1.800.000
- Оскар Табарез (Уругвај) – 1.700.000
- Хектор Купер (Египет) – 1.500.000
- Хозе Пекерман (Колумбија) – 1.500.000
- Хуан Пици (Саудиска Арабија) – 1.400.00
- Берт ван Марвијк (Австралија) – 1.200.000
- Рикардо Гарека (Перу) – 1.100.000
- Хуан Осорио (Мексико) – 1.000.000
- Аге Хареиде (Данска) – 925.000
- Акира Нишино (Јапонија) – 925.000
- Роберто Мартинез (Белгија) – 925.000
- Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 845.000
- Херв Ренард (Мароко) – 777.000
- Хелмир Халгримсон (Исланд) – 697.000
- Златко Далиќ (Хрватска) – 546.000
- Герно Рор (Нигерија) – 498.000
- Јане Андерсон (Шведска) – 447.000
- Шин Тае Јонг (Јужна Кореја) – 447.000
- Хернан Гомез (Панама) – 398.000
- Набил Малуи (Тунис) – 348.000
- Оскар Рамирез (Костарика) – 348.000
- Младен Крстајиќ (Србија) – 298.000
- Адам Навалка (Полска) – 268.000
- Алиу Сисе (Сенегал) – 198.000