Тринаесетодишник предивикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која покрај него повредени се уште две лица.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобил малолетникот-возач кој по укажаната лекарска помош во општа болница Гостивар е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Кичево, се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот, а според првичните наоди, причина за несреќата е неприлагодена брзина.