Трагедина: Почина осумнаесетгодишно момче, родителите го донеле мртов во болница
Осумнаесетгодишно момче почина во својот дом во Кочани. Според МВР, кога В.С. бил донесен во Здравствениот дом во Кочани не давал знаци на живот и веќе бил починат. Родителите го донеле момчето во болница околу 19 часот и побарале лекарска помош, но веќе било доцна бидејќи момчето било починато.
По наредба на јавен обвинител врз телото на момчето ќе се врши обдукција за да се утврди што ја предизвикало смртта.
Издадена е наредба за да се изврши увид во домот каде е починато момчето.