Сите жени имаат некое омилено парче кое го користат се додека не се расцепе или истегне, но кога станува збор за долната облека постои вашен детал кој што треба да го знаете.
Имено, стручните лица советуваат дека износената долна облека мора да се исфрли од употреба, и да се купува нова, на што е можно по краток временски период.
Според препораките, градникот пожелно е да го менувате на секои 6 до 8 месеци, додека гаќите не смеат да се носат после нивна употреба од година дена, затоа што може да го ставите во опасност вашето интимно здравје.
„Голем дел од жените не се свесни кога износената долна облека е за фрлање. Доаѓаат кај мене и ме прашуваат зошто градите се спуштени“,, истакна Жозефина Манисбалко.
Таа советува дека ако веќе подолго време еластичниот материјал од страна е растегнат и се мачите при закопчување време е веднаш да го фрлите и да купите нов. А при купување на градник таа напомена дека жените мора да внимаваат на деталите.
„Ова особено важи за жените кои носат поголем број, односно имаат поголеми гради. Она што малку луѓе знаат е тоа дека градите најмногу ги држи задниот дел од градникот а не копчињата. Со што логично, најголемиот товар оди кај копчињата, фактички тие со тек на време олабавуваат а градите имаат се помала поткрепа. Но секако стои и фактот дека корпите исто така играат важна улога“, објаснува Жозефина.
Иако многу дами мислат дека имаат потреба од градници во што поголем број, оваа дама тврди дека 3 ви се сосем доволни. Што значи додека еден е на перење, другиот ќе се суши, а третиот ќе стои на вас.