Бит Пазар повторно блокиран
Продавачите на цвеќиња од Бит Пазар штотуку го блокираа булеварот „Крсте Мисирков“, во делот кај пешачкиот мост, поставувајќи шатори и тенди на коловозните ленти.
Тие се спротивстават на одлуката на општина Чаир и на Град Скопје нивните тезги да се дислоцираат позади поликлиниката, бидејќи таму, според нив, нема никакво движење на граѓани.
Од своја страна пак, од општина Чаир веќе рекоа дека и покрај протестите, тие стојат на одлуката цвеќарите да бидат дислоцирани за да се отвори патот за пешаци. И од Град Скопје не се откажуваат од одлуката. Според информациите, по реновирањето на пазарот, на продавачите ќе им се понудат тезги и само на тој начин ќе може да ги нудат своите производи.