Ливерпул и Реал Мадрид кон крајот на овој месец ќе се судрат во Киев во финалето од Лигата на шампионите.
Бранителот на титулата, Реал Мадрид ќе ја има фаворитската улога на дуелот, а легендата на клубот, Франциско Генто тврди дека Ливерпул е „лесен залак“ за избраниците на Зинедин Зидан.
„Без никакви дилеми. Победата над Ливерпул ќе биде лесен залак за Реал Мадрид“, изјави 84-годишниот Генто.
„Реал едноставно не може да загуби. Сите сакаат да ја продолжат оваа одлична низа на победи и сите знаат дека победите во финалињата се најважни. Реал знае кој е влогот“, изјави Генто.