Скопската хероина Сема Џеладини спаси петгодишно девојче од Вардар
Сема Џеладини, вработена во Kол-центарот на Аџибадем Систина, во петокот вечерта, околу 20 часот , ризикувајќи го својот живот, не се двоумела да помогне во спасувањето на 5 годишно девојче кое паднало во надојдениот Варадр.
Како што пишува порталот Алмакос, Сема излегла на пауза, но одеднаш слушнала повици за помош:
,,Во петокот вечерта излегов околу 20 часот, седев на клупа, гледајќи го брегот на реката Вардар. Одеднаш, по 10-15 минути , слушнав извици. Ја свртев главата кон брегот. Видов девојче на околу пет години, како ја губи контролата над својот велосипед, не можеше да закочии и падна во Вардар “-раскажува Сема.
За да ја спаси својата ќерка, прва во Вардар скокнала нејзината мајка. Сема го видела тоа, но мајката не можела да излезе надвор заради брзаците на реката. Таа притрчала и влегла внатре.
Девојчето било многу исплашено, но Сема успеала некако да ја фати за рака. Потоа, притрчале уште неколку мажи, кои им помогнале на сите да излезат надвор, пишува Алмакос.
Извор:Амакос