Дали некогаш чувствувате умор после ручек? Не сте единствени, овој проблем мачи многу луѓе. Тоа доаѓа од храната која ја јадете, па поради тоа некои видови на храна е потребно да ги избегнувате кога е ручекот во прашање.
Ручекот е најдобро да се јаде во 12 или 13 часот. Ако го одложите за касно попладне, веројатно ќе бидете многу гладни и поради тоа ќе добиете желба за храна полна со шеќери и маснотии, како пржена храна, слатки и колачи.
Идеалниот ручек треба да содржи витамини, минерали, здрави маснотии, белка и јаглен хидрати. Јаглен хидратите и мастите ни даваат енергија, додека белката е клучна за правилно функционирање на нашето тело.
Поради тоа за ручек добар избор би можеле да бидат и сендвичите, но оние со пилешко, јајца, туна, сирење или печено говедско место.
Тука уште се и салатите, супите и рибата како скуша, лосос или сардина.
Во прилог прочитајте кои три видови на храна се најлош избор за ручек, бидејќи предизвикуваат пад на енергијата, односно летаргија:
1. Пржени компири (помфрит)
Помфритот се пржи со многу масло и станува збор за едноставни јаглен хидрати кои секогаш треба да ги избегнувате, бидејќи како што наеднаш го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, така наеднаш и го спуштаат. Ако јадете помфрит за ручек, многу веројатно ќе почувствувате пад на енергијата, летаргија и желба за спиење.
2. Кравјо млеко
Иако кравјото млеко може да биде дел од балансираната исхрана, сепак тоа може да има негативен ефект на нивото на енергија во телото. Кравјото млеко тешко се вари во организмот, поради што во процесот на варење ќе биде потребна поголема количина на крв која оди во цревата, а остатокот од телото мора да функционира со помал проток на крв. Губењето на крв може да предизвика летаргија.
3. Путер од кикирики
Откако ќе изедете сендвич со путер од кикири, веројатно веднаш ќе почувствувате потреба за спиење. Виновник за тоа е аминокиселината триптофан, која ја содржи овој путер. Но, путерот од кикирики не мора да го избегнувате во потполност, само го комбинирајте со „суперхрана“ која ни дава енергија, како житарици.