ИНЦИДЕНТ НА ЕВРОВИЗИЈА: Непознат маж се качи на сцена и викаше: „нацисти“
Еден човек упадна на сцената во Аптис Арената во Лисабон, каде што се одржува изборот за песна Евровизија, додека настапуваше претставничката на Велика Британија, Сури.
Човекот со ранец, успеа да помине низ обезбедувањето, скокна на сцената, го зграпчи микрофонот и извика „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода”. Тој за кратко време беше тргнат од сцената, а пејачката продолжи со настапот.
Како што објави BBC, на британската пејачка и било понудено да го повтори настапот, но таа одбила.
Од нејзиниот тим за BBC изјавиле дека биле исклучително горди на нејзината изведба и на нејзината реакција и заедно одлучиле дека нема причина повторно да ја изведува песната.
Од Европската радиодиодифузна унија која го организира изборот не го соопштија идентитетот на лицето кое упадна на сцената, освен дека е во притвор.
Финалето на Евровизија го гледаат околу 200 милиони гледачи.