Турчин починал на улица Партизански Одреди во Скопје
Четириесет и деветгодишен Турчин починал на улица, информираа од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 18.55 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош е добиено известување дека интервенирале на булевар „Партизански Одреди“ каде имало починато лице. Подоцна е утврдено дека се работи за Џ.Ч.(49) од Р.Турција, кој боледувал подолго време. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.