Европскиот првак во хип- хоп за 2017 год Мила Србиновска,во посета на Велимир Смилевски

Во Петокот градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, оствари средба со Мила Србиновска, европски првак во хип- хоп за 2017 година, во категоријата соло мини деца.

Мила е доказ дека со одличен тим, упорност и труд се случуваат успеси и резултати.

Досега има освоено повеќе од 20 – први места, 7- втори  и 2 – трети места.

Седумгодишната Мила е дел од судиото Брејк а Лег каде го усовршува својот неверојатен талент и студио преку кое настапува на значајни меѓународни натпревари на Балканот и Европа.

 

 

Првакот во хип-хоп во Европа, Мила Србиновска, покажува дека во општина Бутел има исклучително спортски, музички, играорни и хип хоп таленти кои секогаш ќе имаат поддршка од својата Општина.

Треба да знаете
Последни објави