Една од најголемите грешки кои луѓето често ги прават е носењето на телефонот во задниот џеб, кое не само што е непрактично, туку и опасно за вашиот телефон. Постојат уште неколку погрешни места каде луѓето ги чуваат телефоните, а за нив можете да прочитате подолу.
Иако е доста удобно и голем број луѓе го прават тоа, носењето на телефонот во задниот џеб не е препорачливо бидејќи телефоните имаат екрани чувствителни на допир, па многу лесно може да се случи нешто непланирано. Исто така, можете да заборавите дека се наоѓа таму и ако сте невнимателни можете да седнете на него.
Не е препорачливо ниту да го држите телефонот директно до кожата, бидејќи тој има батерија која може да ви предизвика акни и други кожни заболувања.
Високите температури се штетни за сите електронски уреди. Би било многу штетно за вашиот телефон доколку го оставите на плажа или пак заборавен во автомобил оставен на сонце, а шансите за тоа се големи, посебно со доаѓањето на летото и одењето на летни одмори.
Ако надвор времето е ладно и температурата е под нулата, водете грижа за вашиот телефон и не го оставајте предолго на отворено или во автомобил. Разликата во температурите е многу штетна за телефоните бидејќи доаѓа до кондензација кога ќе го врадите уредот на топло место, а тоа може да доведе до расипување и неправилно работење. Мобилниот телефон можете да го заштитите со маска.
Исто така, немојте да го чувате телефонот под перница. Ако навечер ви пристигнат нотификации а екранот засвети, тоа светло негативно ќе влијае на мелатонинот и ќе предизвика проблеми со спиењето.
Покрај тоа, познати се многу случаи на експлозии и пожари настанати од телефоните. Кога ќе го покриете телефонот со перница, ги зголемувате шансите за прегревање и избивање на пожар, а посебно во текот на полнењето. Подобро е да го полните далеку од вас и вашиот кревет, а по можност никако не го правете тоа навечер.