ЖРК Вардар и Ѓер одиграа уште едно спектакуларнот финале во „Ласло Пап“ арената, но за жал по македонските фанови и ракометарките на нашиот најдобар тим, епилогото беше идентичен како и минатата година, односно домаќините од Унгарија славеа во драмата по продолженија.
На крајот, во дополнителните продолженија од по пет минути, како круцијални се покажаа головите на Аморим и исклучувањето на Цвијиќ, но сепак најболно беше тоа што Андреа Чанаџија во последната секунда промаши зицер за пенали.
Со резултат 27:26 Ѓер ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, а за жал, вардарки не успеаја да си го остварат сонот, односно да се простат од Вардар со освоена титула во најелитното натпреварување. Како за утеха останува тоа што Лејно беше прогласена за МВП на Ф4, но сепак нејзините солзи по завршувањето на финалето доволно говорат колкава била желбата за освојување на европскиот трофеј.
– Дадовме се од себе да победиме, а мораше да победиме. Пораснавме многу од минатата година. Сега немам што да кажам. Нема утеха. Горда сум на се што одигравме, но ми останува да плачам и сега ќе плачам, – изјави Лејно која не можеше да ги сопре солзите.