Ракометарките на ЖРК Вардар вчера повторно не успеаа да ја освојат шампионската круна на Ф4 турнирот од ракометнта Лига на шампиони во Будимпешта.
Избраничките на Ирина Дибирова, вчера пропуштија неколку одлични шанси за злато и на крајот после продолженијата загубија со 27:26.
„Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им поскаувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим“, изјави Ирина Дибирова после натпреварот.
После петтиот обид, ракометарките на Вардар од Ф4 турнирот во Будимпешта се враќаат со второ сребро.