Паника во авион: Луѓе врескаа, торби паѓаа, а кутии со храна летаа насекаде
Пилот на авиокомпанијата Сечуан ерлајнс успешно приземјил авион откако ветробранското стакло во кокпитот се скршило за време на лет.
Во инцидентот повредени се еден патник и копилотот. Во соопштението од кинеската Цивилна воздухопловна администрација потврдено е дека дошло до инцидентот.
Авионот морал да се врати на аеродромот во Ченгдуу каде безбедно слетал околу 7:45 часот по локално време.
-Авионот изненадно почна да паѓа по еден час летање. Тоа траеше некои пет до шест секунди. Луѓето почнаа да врескаат, торби да паѓаат, а кутии со храна да летаат по авионот, изјавил еден од патниците.
Пилотот изјави дека на таа релацијалија летал повеќе од сто пати, додавајќи дека копилотот го спасил појасот.
-Половина од неговото тело висеше низ прозорецот поради изненадната промена на притисокот. Температурата во кокпитот падна на минус 40 степени целзјусови, рече пилотот.
Истрагата ќе утврди како воопшто дошло до овој инцидент