Скопјанец загина на боиштата во Сирија
Млад Албанец од Македонија го изгуби животот на боиштата во Сирија, пренесува Газета Експрес.
Се работи за 23-годишниот Е.Исени роден во скопско Арачиново.
На 19 години се приклучил во војната во Сирија, додека веста за неговата смрт беше објавена вчера.
Неговото семејство ја дозна веста од неговите пријатели во Сирија.
Во војната во Сирија има многу други Албанци од регионов коишто се помалку комуницираат со нивните семејства.