Сообраќајната полиција санкционирала 169 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 229 возачи, од кои 147 под дејство на алкохол, 52 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 30 возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени 69 нерегистрирани возила, шест неисправни возила, 204 автомобили кои биле непрописно паркирани, а подигнати возила со пајак 114.
Единаесет пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло.
Четири возачи не дале првенство на минување на пешаци, двајца се престроиле неправилно, шест неправилно престигнувале, тројца возачи не дале првенство на минување, а 25 возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници.