Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар повторно не успеаа да ја донесат шампионската титула во Скопје, откако вчера во финалето беа поразени од Ѓер.
После големата борба во финалето кое се играше во преполната „Ласло Пап“ арена, Вардарки пропуштија неколку големи шанси, па на сличен начин како и минатата година беа поразени од Ѓер.
После натпреварот, голманката на македонскиот тим, Амандин Лејно беше прогласена за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Лејно на првиот полуфинален натпревар против Ростов запиша 14 одбрани, додека синоќа против Ѓер забележа 17 интервенции.