Најголемите грешки кои ги правите при симнување килограми и детоксикација

Треба да имате на ум дека чистењето со кое сакате да го симнете вишокот килограми и да го вратите доброто расположение може да му нанесе штета на вашиот организам и долгорочно да предизвика нерамнотежа во метаболизмот, а ова се примери за најголемите грешки.

 

Неодлучност и слаб карактер

Доколку се снабдите со најдобрите намирници и средства за детоксикација, тие нема да ви значат многу доколку немате цврст карактер и доколку вистински не сте одлучиле да му дадете приоритет на вашето тело и така да се однесувате. „Само едно забрането залче” и „Само за викенд” се големи препреки на патот кон целта.

Утринско наздравување со чашка јаболков оцет

Магичниот еликсир на кој многумина му веруваат нема доволно научни докази за делотворноста, а додека некои студии покажуваат дека може да го регулира нивото на шеќер во крвта и да создаде чувство на ситост, предупредуваат и на неговите штетни нуспојави. Пиењето на многу кисели течности може да ги надразни грлото и желудникот, па пиењето на јаболков оцет не е најдобра идеја за ослободување на телото од токсини.

Гладување

Одлуката да ја исфрлите цврстата храна и да пиете само зелено смути не е баш најпаметен потег, затоа што сè што ќе изгубите на овој начин брзо ќе ви се врати. Освен чувството на исцрпеност и дехидрација, може долгорочно да го забавите метаболизмот. Со гладување ќе го натерате телото да се храни со сопствените мускули, а губењето на мускулната маса ќе ви го отежне губењето на тежината подоцна.

Еден оброк дневно

Иако храната е најголем извор на штетните материи кои настојуваме да ги исфрлиме од организмот со детоксикацијата, откажувањето од храната или јадењето на само еден оброк дневно е погрешен пристап. На телото му треба урамнотежена исхрана, а тоа не е прескокнување на доручекот или вечерата. Истражувањата имаат докажано дека јадењето на еден оброк дневно ги таложи опасните масти на стомакот.

Претерување со лимон во вода

Цедењето на лимон во вода е одличен начин за хидратација, внес на витамин Ц и антиоксиданси. Но, вашиот омилен напиток за детокс е голема опасност за забите бидејќи лимонската киселина ја нагризува глеѓта на забите.

Претерување со влакна

Влакната му се многу важни на нашето тело и се корисни за варењето во дигестивниот систем. Но, претераниот внес ќе ви донесе само наудуеност и гасови. Исто така, кога јадете храна богата со влакна, не заборавајте да пиете многу вода.

Олеснување со лаксативи

Со лаксативите можеби можете да постигнете рамен стомак преки ноќ, но нивното често користење во детоксикациски цели може да биде многу опасно. По неколку дена, може да развиете зависност од нив, а можат да предизвикаат дехидрација, воспалено црево или проблеми со бубрезите и црниот дроб.

Треба да знаете
Последни објави