Два пати умрев но оживував: Сега ќе ви кажам како е да се биде мртов
Со векови сме фасцинирани од смртта, што ни се случува кога ќе дојде по нас и што не очекува во задгробниот живот, доколку постои.
Еден човек веќе умрел и тоа два пати на околу две минути во двата случаи – еднаш во сообраќајна несреќа а вториот пат при предозирање со аналгетици. На Редит одговарал на прашања за смртта.
Изгледа дека чуството на самата смрт е многу попразно од што можете да замислите, го опишува како спиење без сон.
“Немав идеја, само црна празнина. Без мисли, без свест, ништо. Два пати едноставно “не бев таму”. Се беше црно. Би го опишал тоа како да дремете. Кратко дремење без сон, се будите и се чуствувате како да сте спиеле могу долго, а всушност поминале само 15 минути. Да не ми рекоа ништо лекарите ќе мислев дека сум задремал.”
Обично мислите како ќе ја дожиеете таа “црна празнина” но изгледа дека има нешто повеќе од тоа.
“Дефинитивно не постои време. Исто како да дрмете, не е да се разбудиш и да почуствуаш дека времето се придвижило нанапред. Знаеш дека некое време си спиел, но истовремено не можеш да се сетиш што всушност си доживеал, освен ако не сте сонувале. Јас почуствува нешто, а тоа е ништо”
Кога сфатил дека умира, единствено на што се сетил е “О, во бестрага”, што не е премногу изненадувачки. Очигледно дека има болка, тогаш ништо, нема никаков живот. А тоа звучи прилично страшно.
Како ова момче починало веќе два пати, дали воопшто се плаши од смртта?
“Дефинитивно се плашам помалку. Сега знам дека смртта не е ништо повеќе од спиење. Кога ќе умреш престануваш да постоиш, нема причина за никаква загриженост”.
Тоа сепак звучи депресивно. Но барем постои ли живот по смртта, нели?
“Дел од мене се уште се надева дека постои Бог или на небото слично нешто поголемо од нас. Мислам, кој не би посакал да постои? Но јас сепак сум атеист и сега знам дека не постои нешто на небото”.
Некои од последните мисли?
“Смртта е смрт. Откако ќе си умреш тоа е тоа, готово”.