Чавков: Конструкција е случката во Струмица
Поранешниот министер за внатрешни работа и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за инцидентот во Струмица кога друштвото со кое беше во ресторан претепа струмичанец, вели дека е конструкција.
Тој утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје да се пријави бидејќи му е одредена мерка на претпазливост.
Не сакаше да одговара на прашања, а на поминување покрај новинарските екипи кога беше прашан за коментар за инцидентот кратко одговори: Конструкција.