Тачи и Гаши влегуваат во Влада
ДПА на Мендух Тачи и Беса на Африм Гаши влегуваат во Влада. Ова вечерва било прецизирано по синоќешната средба на Тачи и Гаши со премиерот Зоран Заев.
Со најавената реконструкција на Владата, се очекува ДПА и Беса да добијат по едно министерско место и неколку заменички места. Засега партиските извори не кажуваат за кои министерски места се договориле лидерите на овие партии.
Партиските извори шпекулираат дека ДПА на Тачи го добива министерството без ресор кое остана испразнето по изборот на Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, а Беса на Гаши пак, мoже да го добие министерството за култура.
И двете партии ќе добијат и заменик-министерски позиции, државни секретари, директори но не се открива кои.
Денеска двете партии треба да ја потврдат во своите партиски органи одлуката за влез во Владата на Заев .