Претстојната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија е исчекор кон конечно решение, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Средбата на Заев и Ципрас ќе се одржи утре претпладне.
„Во однос на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас премиерот Заев вчера јавно кажа оти е премногу рано да се очекува такво нешто, но мислам дека оваа средба е исчекор кон конечно решение“, рече Бошњаковски на прес-конференција. Тој додаде дека Заев со германската канцеларка Ангела Меркел ќе има билатерална средба, како и со францускиот претседател Емануел Макрон.