Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.
На барање на руралните средини со измените на Законот се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, ќе се овозможи да се легализираат определен број објекти и да се урбанизираат определени подрачја.
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.