Скопјанка добива смртни закани – поранешното момче не може да се помири со разделбата
Скопјанка раскинала со своето момче, но момчето не можело да се помири со тоа па почнало да и се заканува дека ќе ја убие. Според информациите на МВР, вчера во 09.15 часот Е.С.(19) од Скопје пријавила дека во периодот од 19.12.2017 до 15.05.2018 година, во повеќе наврати, добила закани по животот од нејзиното поранешно момче Н.М.(19) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.