Зошто не треба да ги исфрлите јаглехидратите од режимот на исхрана?

Познатиот американски нутриционист, Ријанон Ламберт, за британските медиуми открива дека исфрлувањето на јаглехидратите од режимот на исхрана е многу погрешно.

 

Ако сакате да загубите килограми, веројатно сте се обиделе да јадете одредена група на храна, односно во целост да ги исфрлите јаглехидратите, кои се сметаат за најголем виновник за зголемување на вишокот на килограми.

Но, дали е тоа навистина така?

Експерт за храна, авторка на неколку книги и Instagram ѕвездата Ријанон Ламберт, има добри вести за сите љубителите на јаглехидрати.

Додека исфрлувањето на јаглехидратите од исхраната некогаш се претставуваше како решение за губење на килограми, Ријанон вели дека некои други диети и помогнале да го побие митот дека јаглехидратите дебелеат.

„Овие диети забрануваат јадење на леб, тестенини и компири, заменувајќи ги со намирници богати со протеини, како месо, јајца и храна богата со масти. Токму поради тоа стана распространета заблудата дека јаглехидратите не прават дебели. Ставот дека треба да намалиме со внесување на јаглехидрати во организмот е едноставно погрешен“, вели таа.

Причина за тоа е фактот дека одредени јаглехидрати се од витално значење за нашата исхрана, бидејќи обезбедуваат најголем извор на енергија.

Многу јаглехидрати се претвораат во гликоза, која потоа телото ја користи како енергија за нашите мускули додека вежбаме, како и при работата на мозокот.

Исто така, тие можат да се претворат и во масти или складирана енергија, која телото подоцна може да ја користи.

Треба да знаете
Последни објави