Мицковски го повика Заев на ТВ Дуел, најавен протест пред Влада на 2 мај
Ноќеска ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Централниот Комитет, по крајот на седницата претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања.
Тој кажа дека вчера на седницата на Извршниот Комитет и денеска на седницата на Централниот Комитет ја разгледувале актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија.
Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, изјави Мицкоски.
Тој на прашање дали ќе биде само еден протест или ќе следуваат серија протести, кажа дека сега за сега пред јавноста ќе го откријат само овој податок дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата организираат протестен собир на 2-ри јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, изјави Мицкоски.
Како човек како претседател на најголемата опозициона партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на владата на неговата покана на тет а тет средба. Истата можам да ја прифатам, но наместо во неговиот удобен кабинет да го повикам на телевизија да можеме да се соочиме на една тет а тет средба пред граѓаните на Република Македонија. Да дискутираме за ова прашање да може он да ги информира граѓаните Република Македонија, како преговара за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики кои што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која што така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто, изјави Мицкоски.