Еве кои граѓани ќе добиваат бесплатно болничко лекување
Владата ја донесе Програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество – партиципација којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лицата до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош на Република Македонија за 2018 година.
Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека министрите ги усвоиле и конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот.
Владата, како што се наведува, ги испратила двата ревизорски извештаи до Основното јавно обвинителство.