Здрава, домашна и ефикасна пролетна диета…
Гравот е богат со лесно сварливи протеини, витамините Б, Ц, Е и ПП, потоа минералите калциум, фосфор, бакар, цинк, железо, како и аминокиселини, меѓу кои најзастапени се триптофан, лизин, аргинин, тирозин и метионин.
Гравот има одлични дејства на црниот дроб и жолчното кесе, бидејќи им помага подобро да работат, а кога е во прашање дигестивниот тракт, гравот има улога на чистач.
Гравот го зајакнува и кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата и изгледот на кожата.
Се препорачува после диетата уште неколку дена да се јаде грав како главно јадење, а да се намали внесувањето на лебот и слатките работи.
Напомена:
За време на диетата би требало да пиете многу течности (најдобро вода) и потполно да ги исфрлите шеќерот и солта. Секоја вечер пред да одите во кревет, испијте една шоља јогурт со мала масленост или уште подобро кефир.
Обрнете внимание на менито – иако некои денови изгледаат слично, постојат разлики кои се значајни.
Што се однесува до подготовката на гравот, се готви густ, со што е можно помалку маснотии и пожелно без запршка (зачини може да се додадат по вкус).
Прв ден:
Појадок: 1 шоља немасен јогурт, 1 парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење.
Ужина: 100 грама било какво овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук и на крајот топла лимонада или чај (без шеќер)
Вечера: Исто како и за ручек
Втор ден:
Појадок: 100 грама младо сирење, кафе или чај (без шеќер)
Ужина: 100 грама било какво овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 грама свеж сок од јаболки или чај (без шеќер).
Вечера: Исто како и за ручек + 100 грама било каква варена или печена риба
Трети ден:
Појадок: 1 шоља немасен јогурт или кефир, 1 парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење
Ужина: 100 грама било кое овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 грама свеж сок од јаболки или чај (безшеќер)
Вечера: Исто како и за ручек + 1 шоља сок од домати
Четврти ден:
Појадок: 100 грама младо сирење, чај или кафе (без шеќер)
Ужина: 100 грама било кое овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, салата од морков и јаболко со 1 лажица мед
Вечера: 100 грама готвени или печени пилешки гради, 50 грама варен ориз, чај или кафе (без шеќер)
Петти ден:
Појадок: 100 грама младо сирење или 100 мл јогурт, чај или кафе (без шеќер)
Ужина: 100 грама било кое овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 грама свеж сок од јаболки или чај (без
шеќер)
Вечера: Исто како и за ручек + 2 варени или печени компири и една шоља сок од домати
Шести ден:
Појадок: 50 грама тврдо сирење, 1 парче интегрален леб
Ужина: 1 шоља кефир или немасен јогурт
Ручек: 100 грама младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај (без шеќер)
Вечера: 200 грама готвен грав, 150 грама овошје по избор
Седми ден:
Појадок: 100 грама младо сирење или 100 мл јогурт, чај или кафе (без шеќер)
Ужина: 100 грама било кое овошје
Ручек: 100 грама готвен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 грама свеж сок од јаболки или чај (без шеќер)
Вечера: Супа од зеленчук, 100 грама готвен грав, 1 шоља топла лимонада.