Заев – Ципрас: Утврдивме една опција прифатлива за двете страни
На прес-конференцијата по средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, македонскиот премиер со историска порака.
Утврдивме една опција прифатлива за двете страни. Следуваат консултации во двете земји. Се надевам на решение до самитот во јуни.
Но како што рече Заев, тоа го утврдиле тој и Ципрас, а за конечно решение треба да одлучат институциите во двете држави.
-Суштествено разговараме и разгледавме неколку опции, една од опциите е прифалива и за двете дстрани. Продолжуваме дома со констултаци со институциите, и ако е возможно тоа, веројатно ќе имаме решение. После сето тоа што беше постигнато, потврдивме дека стоиме како премиери. За тоа што беше останато разгледавме неколку опции и утврдивме една опција. Но мора да внимаваме како тоа ќе биде спроведено. Ќе разговараме со претседателите на државите и другите лидери, и со опозицијата, изјави Заев на прес конференцијата во Софија.
Тој рече дека би сакал решението да го имаме сега, но доколку тоа биде одложено, разговорите ќе продолжат.
-Ако нема решение ќе биде одложена одлуката на ЕУ, но пријателството останува и тоа ќе расте. Би било убаво тоа решение што е прифатливо и за двете страние да биде упште сега, имајќи ги предвид состанокот на Европскиот совет во јуни и НАТО самитот во јули. Тоа е нашата желба, но ако е возможно. Ако не е возможно, ќе продолжиме со барање на решение. Многу е решено, имаме и опција која би можела да биде прифатлива за двете страни. И ако тоа во земјите внатрешно е потврдено, би било и официјализирано, рече Заев.
Според Заев, заробената држава и спорот со името биле тегоби во државата, со кои денеска успешно се справува владата.
-Макрон и Меркел даваат поддршка за зајакнување на односите на Македонија и Европската Унија. Сите ни ја даваат безрезервната поддршка и ни даваат признание за постигнатото. Членството на Македонија во ЕУ гарантира силни институции и правна држава, како и зголемен економски развој, рече Заев кој додаде дека проширувањето на Унијата и обезбедување на нашето столче таму е реалност која е на дофат.