Грчкиот суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Според судот, тие остануваат во Грција и ќе бидат ослободени од затвор, јавува МИА.
Грујевски и Бошковски илегално ја напуштија Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија. Последното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ на СЈО во кое се обвинети Грујевски и Бошковски беше одложено за 19 јуни, бидејќи се чекаше наодлуката на Врховниот суд во Атина.