Игор Џамбазов: Газда Зеко…не е фер. Од кога фајронтот волку рано?
Газда Зеко…не е фер.Од кога фајронтот волку рано?
Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани…
Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот.
Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери?
“Пријатељу“ Зеко…не остави и без зборови и без солзи…
И да знаеш, ти беше еден од ретките кој имаше и во главата, и во душата, и во срцето, а и меѓу нозете. Ние само се трудевме да те имитираме.
Биди добар таму горе и чувај место на твојата маса.
Наскоро се гледаме.
Вечно твои браќа, Пиже и Игор…