Милорад Мажиќ со своите помошници ќе го суди финалниот меч во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Tој открил некои интересни моменти од богатата кариера како фудбалски судија.
Судијата што лани го судеше финалето на Купот на конфедерациите рекол дека единствен фудбалер за кого посебно се подготвувал е Залтан Ибрахимовиќ.
„Кога станува збор за Златан, тој е играч за кого навистина треба добро да се подготвите пред натпреварот. Не е проблем доколку со некоја своја одлука ќе ја налутите публиката, проблем е доколку против себе го свртите Ибрахимовиќ. Е, тоа не е добро“, рекол Мажиќ.
Финалниот натпревар во Лигата на шампионите ќе се одигра на 26 мај во Киев, Украина.