Мила Србиноска европски првак во хип- хоп

Мила Србиноска европски првак во хип- хоп за 2017 година, е доказ дека со одличен тим, упорност и труд се случуваат успеси и резултати. Досега има освоено повеќе од 20 – први места, 7- втори и 2 – трети места.

Мила е со неверојатен талент која настапува на значајни меѓународни натпревари на Балканот и Европа. 24 ИНФО разговараше со Мила, за  и каде таа се гледа себе си во иднина:

Како го одбра баш хип-хоп?

-Зашто емногу фраерски.

Мила, колку години си дел од Brejk a leg и зошто баш Brejkaleg?

-Мојата мајка ме однесе кај Трајче и Андријана во Break a leg на мои 2,5 години затоа што многу сакав да играм.Но Трајче ме врати бидејќи сум била многу мала и на мајка ми и кажа да ме  донесе за една година.На 3,5 години повторно ме однесе и почнав да вежбам, сега имам 7 години.Мајка ми го одбра Break a leg затоа што со Трајче се другари од деца.Во Break a leg сите се шампиони и сите се дружиме и поголеми и помали.

Колку време посветуваш на играњето?

Играм секогаш  и секаде кога слушнам добра музика.На тренинзи одам понеделник,среда и петок, кога имам натпреварии секој ден имам тренинзи.Секоја сабота одам на гимнастика со моите другарчиња од Break a leg.

Kолку награди имаш добиено до сега, кои и дали би можела да одвоиш една посебна?

Не ги памтам сите награди, имам многу дипломи и медали,освоени први втори места во категорија соло и во категорија формација.Најзначајна ми е европското 1-во место, кога станав европски шампион во категориај соло мини деца 2017 година.

Какво беше чувството на натпреварот во Полска каде освои 1 место и се стекна со титула вицешампион Европски шамион во Европа?

Излегов и растурив.  На 6 години јас не знаев што значи да си европски шампион во категорија соло мини деца.

Каква ученичка си, како ги вклопуваш тренинзите со домашните задачи?

За тоа треба да ги прашате моите наставнички Тања и Вики од 2-2 одделение од основно учлиште 11-Октомври(хахаха).Постигнувам се имам време за се .

Имаш ли друго хоби освен хип-хипот?

Тренинзите по хип поп ми се најважни.Но сакам да глумам и сум дел од групата по глума во нашето одделение 2-2 и по повод христијанскиот празник велигден заедно со наставничката Вики снимивме видео запис.

Имаш ли време покрај училишните обврски и тренинзи за дружење со другарчињата?

Да имам време за се.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави