Нападната медицинска сестра во болницата
Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 6 мај околу 21 часот во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал.