Шефот на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче си поднесе оставка
Дејан Блажески шефот на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче си поднесе оставка од функцијата, дознава „Фокус“.
На негово место доаѓа Бојана Атанасова, исто така од кабинетот на Филипче, која дошла во министерството за здравство откако тој ја преземал министерската фотеља, пишува порталот.
Блажески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Тој, претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Блажески доаѓа на работа во министерството за здравство по доаѓањето на Филипче за министер.